КОГА ДЕТЕТО ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ДОМА ?

Sick woman with daughter at home. Home Treatment. Fighting with a desease. Medical healthcare. Family iIlness. The winter, influenza, health, pain, parenthood, relationship concept. Relaxation at Home

Секој има право на заштита од заразни болести и должност да го заштити своето здравјеи здравјето на другите од заразни болести (Закон за заразни болести).

Децата што посетуваат градинка или училиште, важно е навремено да бидат вакцинирани против болести, во согласност со Календарот за вакцинација.

Поради блиските контакти во групата, деца вклучени во градинка или училиште, се создаваат услови за ширење на заразни болести и инфекции (главно респираторни и цревни инфекции) се доминантни во такви средини.

Детските градинки и училиштата се должни да обезбедат соодветни санитарно-хигиенски услови и хигиенско одржување на објектите и просториите во кои се чуваат децата и со тоа придонесат за намалување на ризикот од ширење на заразни болести и инфекции.

Кога детето одеднаш ќе се разболи на училиште или во градинка и постои сомневање дека се работи за заразна болест, и мора родителите да го ограничат контактот со другите деца. Притоа се преземаат мерки за спречување на ширење на заразни болети според присутните симптоми (дијареа, кашлица, осип…), и на тој начин значително го намалуваме ризикот од ширење на болеста на други деца и вработените.Децата со хронични или други основни болести мора да се третираат индивидуално .

Ризикот од ширење заразни болести во градинките и училиштата значително се намалува со почитување на хигиената правила и препораки за реинтеграција на децата во градинка или  училиште по закрепнување од заразна болест или инфекција.

При проценка на здравствената состојба на децата, избраниот лекар ги проценува состојбите во однос на времетраењето на заразноста на детето. Поблага кашлица и течење на носот, доколку детето се чувствува добро, не е причина детето да остане дома.

КЛУЧНА Е УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ !

Родителите може значително да придонесат во намалување на ризикот од  ширење на инфекции доколку ги следат препораките во однос на реинтеграција на детето во групата по болест или инфекција. Должни се да ја известат градинката или училиштето пред да го вратат детето во градинка или школо по прележана болест или инфекција , или да донесат потврда од избраниот доктор дека детето е здраво.

Упатствата се наменети првенствено за работниците во градинките, родителите и здравствените работници и претставуваат добри практики во заштитата од ширење на инфекции и заразни болести во градинка и училиште. Целта е заштита на здравјето на децата во случај на заразни болести или инфекции од гледна точка на реинтеграција во групата, обезбедување здрава животна средина за децата вклучени во градинките и училиштата.

Овие препораки НЕ ги содржат сите здравствени аспекти ,медицински состојби кои можат да бидат причина за привремено исклучување на детето од градинка или училиште.

Секогаш е потребно да се води сметка за општата состојба на детето, дека јаде ,спие или игра нормално.

КАПКОВИ ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА/УЧИЛИШТЕ
COVID-19 По 7 дена од почетокот на болеста, кога детето е без треска најмалку 24 часа и поминале 24 часа од подобрувањето на симптомите и знаци на болест. Дете кое не е болно (асимптоматски), но тестот за ковид-19 бил позитивен може да се врати во градинка/училиште 7 дена по позитивниот тест за SARSCoV-2. Условот е детето да помине тест за брз антиген од овластен лекар на 7-ми ден, кој мора да биде негативен. Доколку брзиот тест е позитивен, детето продолжува со изолација и може да го повтори тестирањето до крајот на 10-тиот ден. После тоа време, изолацијата се прекинува и без тест  детето може да биде вклучено во градинка/училиште.

 

 

ГРИП По 7 дена од почеток на болеста или по закрепнување.
ГОЛЕМА КАШЛИЦА ( Pertusis ) По 5 дена од почеток на антибиотски третман, т.е по 21 ден од почеток на болеста доколку немало антибиотксо лекување
Дифтерија Одлучува докторот на детето по консултација со  регионален епидемиолог
ТУБЕРКУЛОЗА Одлучува пулмолог од ТБЦ диспанзер
ЦРЕВНИ ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА/УЧИЛИШТЕ
Дијареа/Повраќање (Campylobacter, E.coli,Salmonela,Giardia,Rotavirus,Norovirus) По 48ч од последно повраќање или дијареа
Hepatitis A По 14 дена од појава на први знаци или по 7 дена по појава на жолтицата
Tifus,Paratifus По првиот негативен резултат од примерок од столица
Shigeloza По првиот негативен резултат од примерок на столица или според проценка на епидемиолог
Kriptosporidioza По 48ч од последно повраќање или дијареа
Glisti Нема ограничувања
ОСИПНИ ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА/УЧИЛИШТЕ
Морбили По 4 дена од појава на карактеристичен осип
Рубеола По 6 дена од појава на карактеристичен осип
Заушки По 5 дена од појава на карактеристичен оток
Скарлатина,Стрептококна ангина По 24ч од почеток на антибиотски третман
Сипаници По 5 дена од појава на карактеристичен осип или кога веќе нема свежи плускавци или сите се исушени
Инфективна мононуклеоза Нема ограничувања
Петта болест ( Exanthema infectiosum ) Нема  ограничувања
Шеста болест ( Exanthema subitum ) Нема ограничувања
Херпес Нема ограничувања
КОЖНИ ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА/УЧИЛИШТЕ
Мекотели ( Mollusca contagiosum ) Нема ограничување се додека промените на кожата се покриени
Брадавици Нема ограничување
Микроспорија Нема ограничување ако кожните лезии се покриени
ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ СО КРВ ИЛИ ОСТРИ ПРЕДМЕТИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА/УЧИЛИШТЕ
Hepatitis B / Hepatitis C Нема ограничување
HIV /AIDS Нема ограничување
ДРУГИ ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ИНФЕКЦИИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА/УЧИЛИШТЕ
Болест на рака,нога,уста Кога веќе нема свежи меурчиња или сите меурчиња ќе се исушат
MRSA – носителство Без ограничување
Гнојно воспаление на кожата По 48ч од антибиотски третман,доколку гнојните рани се покриени или по проценка на докторот повеќе од 2 дена ако промените се обемни и на делови од телото кои тешко се покриваат.
Воспаление на окото- Бакетриско по 48ч од почеток на антибиотски третман
Воспаление на око – Вирусно детето оди во градинка кога нема исцедок од очите

Дете во школо – Нема ограничување

Извор: https://www.nijz.si/
http://www.public.health.wa.gov.au/cproot/471/2/2101%20GUIDE.pdf