Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, вели Даниловски

Епидемилогот Драган Даниловски вечерва во вестите на ТВ Сител рече дека пандемијата, според него, би завршила на крајот на април.

Крајот на пандемијата кај нас ќе настапи со изнемоштеноста. Со резигнација граѓаните прифаќаат да живеат со вирусот. Вирусот не сака да го убие домаќинот, туку тој да го распрснува со заразување на други. Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, а ќе се вакцинираат само ризичните групи, заклучува Даниловски.