Над 104.000 нови случаи на коронавирус во Франција за еден ден

Во Франција денеска се регистрирани рекордни 104.611 нови случаи на коронавирус, што е првпат од почетокот на пандемијата да се регистрираат над 100.000 нови случаи во оваа земја.

Портпаролот на француската влада Габриел Атал изјави дека се очекува „голем бран“ и најави можност за дополнителни мерки против епидемијата.

Властите повикаа на ограничено движење на граѓаните за Божиќ и Нова Година, а новогодишниот концерт во Париз беше откажан

Од почетокот на пандемијата во Франција, регистрирани се повеќе од 8,9 милиони случаи на коронавирус, додека 122.462 лица починале како резултат на оваа инфекција, покажуваат податоците на веб-страницата Worldometers.