Доктор Нико Беќаровски, ја објасни препораката на Комисијата за заразни болести, која се однесува на вакцинирањето против големата кашлица.
„Сите кои ме прашувате што значи да се примени СИТЕ ТРИ ДОЗИ DTaP вакцини ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ, еве Ви едноставен пример:
1 доза септември 2023
2 доза ноември 2023
3 доза јануари 2024
Од утре ќе може да го однесете детето во градинка, бидејќи ќе има привремен солиден имунитет, но ќе мора во јули да прими ревакцина.
Сите кои ги примиле првите три дози пред октомври 2023 ќе мора да примат ревакцина, за да обезбедат солиден имунитет и не може без ревакцината да одат во градинките.
Сите кои ги немаат примено трите дози, ќе мора да ги примат трите дози во растојание од 2 месеци, за да може да тргнат во градинка.
Накратко ова е денешната препорака на КЗБ, објаснета низ едноставен пример“, напиша Беќаровски.