Нов негативен рекорд во Русија, петти ден по ред најголем број смртни случаи од корона од почетокот на пандемијата

Русија постави нов негативен рекорд по бројот на починати од Ковид. Денеска починаа 1.075 лица, а властите се подготвуваат да затворат одредени места низ земјата и да воведат карантин во Москва.

Уште еден негативен рекорд падна во Русија, бидејќи уште 37.678 лица се заразени со корона, објави ТАС.

Русија, која беше првата што ја разви вакцината против Ковид Спутник V, вакцинираше само една третина од населението.

Оваа недела рускиот претседател Владимир Путин одобри затворање на одредени места во првата недела од ноември, а Москва ќе биде под клуч од 28 октомври.