Од понеделник нови правила за влез во Австрија

Поради појавата на сојот омикрон, австриското Министерство за здравство донесе нови правила за влез во земјата.

Новата регулатива, која стапува на сила од понеделник, предвидува во Австрија да можат да влезат само лица кои имаат потврда за вакцинација или лек од Ковид19.

Патниците мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или доказ за бустер доза, доколку сакаат да избегнат карантин.

Имено, оние кои не биле негативно тестирани, или не примиле бустер доза, ќе мора да одат во десетдневен карантин.

Карантинот може да се прекине само по пет дена изолација со негативен ПЦР тест направен во Австрија.

Лицата без валиден документ мора да се регистрираат и електронски пред да влезат во земјата.

Од таа мерка се изземени само трудниците и лицата кои поради здравствени причини не можат да се вакцинираат, а за тоа мора да поседуваат лекарско уверение.

Постојат и посебни правила за деца.

Имено, децата до 12 години се ослободени од овие мерки, кои мора да бидат ставени во карантин и електронски регистрирани доколку возрасното лице со кое патуваат мора да биде изолирано.