Од утре може да се прима трета вакцина против ковид, отворени ќе се сите пункотви за тие кои исполнуваат услови

Граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда од утре ќе можат да примат трета доза вакцина против ковид -19, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека процесот на скрининг во училиштата ќе почне најверојатно за две недели.

– Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски”,во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, рече Филипче.