Главната функција на бубрезите е излачувањето на токсичните продукти на метаболизмот и вишокот течности од телото.Бубрежните болести сочинуваат голема група на болести со различни причини, тек, симптоми и прогноза. Овие болести се манифестираат како воспаление на бубрезите и акутно или хронично намалување на функцијата на бубрезите.
Симптоми и знаци на хронична бубрежна инсуфициенција се развиваат постепено и не се специфични.
Нарушувања на мокрењето ( зачестено мокрење,намалено излачување на урина, болно и отежнато мокрење, ноќно мокрење и неможност за мокрење)
Промени во состав на урината (бактерии, леукоцити,крв,протеини,липиди и кристали во урина )
Болка ( тапа, остра, од тип колика,повремена ,континуирана)
Оток ( тестест, генерализиран)
Во просек 1 од 10 лица има некој степен на намалување на бубрежна функција. Болеста може толку да напредува да е потребна дијализа или трансплантација.
Трансплантација на бубрег се базира на пресадување на органи кои можат да се добијат од живи или умрени лица.
Кај приближно 10-15% од болните, донори на органи може да бидат крвни сродници (членови на семејството), или биолошки несродни донатори ( брачни партнери, пријатели ). За останатите болни се бараат сродни донатори од лица со дијагностицирана мозочна смрт (кадаверични донори ). Од тие причини потребно е да се зголеми бројката на кадаверични трансплантации.
Донирање на орган е знак на хуманост, солидарност и благородност, со која едно лице ја искажува својата желба и намера да после смртта донира било кој дел од телото поради пресадување/трансплантација, како би се помогнало на тешко болните.
Без оглед на возраста,едноставни превентивни мерки може да го забават напредувањето на болеста на бубрезите, да се спречат компликации и да се подобри квалитетот на животот. Бубрежните заболувања може на време да се дијагностицираат.
Со пороверка на примерок урина, крв и крвен притисок, може да се откријат рани знаци на бубрежна болест.
Осум златни правила за намалување на ризикот за развој на бубрежно заболување:
- Бидете физички активни!
- Редовно проверувајте го нивото на шеќер во крвта!
- Контролирајте го крвниот притисок!
- Храните се правилно и одржувајте нормална телесна тежина!
- Земајте доволна количина на течности!
- Прекин на пушење цигари!
- Не земајте лекови кои не се пропишани на рецепт!
- Редовно контролирајте ги бубрезите , доколку имате еден или повеќе ризик фактори!
Проверете го својот ризик за развој на бубрежна болест
- Имате ли покачен крвен притисок?
- Имате ли дијабет?
- Имате ли прекумерна телесна тежина?
- Имате ли повеќе од 65 години ?
- Дали имате во вашата фамилија лице со бубрежно заболување?
- Дали сте слабокрвни?
- Доколку имате еден или повеќе потврдни одговори ,јавете се веднаш кај својот избран лекар!