СОСТАВ НА ЈАБОЛКОТО И ЕФЕКТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО

Fresh delicious green and red apples in wooden box. High quality photo

Јаболката (Malus  domestica) се овошје кое се одгледува во Азија и Европа илјадници години. Умерено топла клима со рамномерно распоредени врнежи во текот на годината е најпогодна за одгледување јаболкници. Македонија има плодна почва и поволна клима за растење на јаболкниците, па не е чудно што јаболката се најчесто одгледувано овошје кај нас. Најпознати региони каде што се одгледува јаболка кои се препознатливи во секојдневниот живот, па и народното творештво се Преспа и Тетовско.

Знаеме многу сорти кои се разликуваат по боја, форма, степен на киселост, големина и состав. Некои од најчесто одгледуваните сорти се: Ајдаред, Златен делишес, Јонаголд, Црвен делишес, Грени Смит и други.

Состав на јаболка и ефекти врз здравјето

Јаболкото, како и повеќето овошја, содржи најмногу јаглехидрати, од кои најзастапен е шеќерот. Инаку, лушпата содржи и поголем дел од влакна, како и доста витамини, меѓу кои се издвојуваат биотин, витамин Б6, витамин К и витамин Ц и минерали како манган, калиум и железо. Содржината на антиоксиданси, полифеноли и други секундарни растителни метаболити, исто така, донекаде зависи од разновидноста и бојата на јаболкото. Јаболката се еден од поважните извори на полифеноли во исхраната; меѓу нив, јаболкото е особено богато со кверцетин, кој во изолирана и концентрирана форма помага за намалување на крвниот притисок.

Совети за употреба

СВЕЖО ЈАБОЛКО

Секако, најпожелно е јаболката да се јадат свежи, во необработена форма. Ако е можно, јадете ги заедно со лушпата, бидејќи таа содржи најкорисни материи. Инаку, јаболката може да се користат и за разни филови и подготовка на солени и слатки јадења.

Познато е дека јаболката добро се чуваат. Под оптимални услови (температура од 0,5 – 2,5 °C), тие можат да преживеат неколку месеци.

СУШЕЊЕ

Јаболката може да се исечат и да се исушат, а потоа да се јадат како вкусна закуска. Сепак, внимавајте: 100 гр сушени јаболки содржат дури 55% од препорачаната дневна вредност на шеќер, па да бидеме умерени при конзумирањето на суво овошје. Од јаболка можете да направите и чипс од јаболка така што ќе ги исечете јаболката на тенки парчиња и ќе ги печете во рерна.

Други начини на употреба

Јаболкото може да се динста, можете да готвите и компот од јаболка за зимска храна, но внимавајте количината на додаден шеќер да биде што помала.

Јаболката може да се користат и за правење сок од јаболко или јаболков оцет.

Концентрираниот сок од јаболко се наоѓа и во некои производи како замена за шеќер.

Сокот и нектарот од 100% јаболко содржат доста шеќер (10 гр во 100 мл), кој многу брзо се впива во крвта при конзумирање, па да бидеме умерени при нивното консумирање.

Интересен факт

Поговорка: Едно јаболко на ден го оддалечува докторот, за жал не научно докажано. Во една студија објавена во 2015 година, тие не откриле врска помеѓу консумирањето јаболка и помалку посети на лекар.