Почина 16-годишна девојка од корона, за која беше кажано дека нема коморбидитети и е во тешка состојба

Младата девојка од тетовско чија здравствена состојба пред три дена беше тешка како последица на коронавирусот, денеска починала. Таа имаше тешка клиничка слика, за што информираше и директорката на Инфективната болница во Скопје, Милена Стевновиќ. За неа, во тој момент, немаше информации дека има коморбидитети.

Министерството за здравство информираше, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.

https://skopje1.mk/archives/146882