Практикуваш рекреативен спорт?

Happy curly brunette fitness woman with towel holding arm on hip and drinking water over white background
  •  За рекреативен спортист важно е да има разновидна и урамнотежена исхрана, да ја дели на неколку дневни оброци и да ја прилагодува на видот, зачестеноста, интензитетот и времетраењето на спортската активност.
  • Со соодветна исхрана, рекреативецот може соодветно да ги задоволи енергетските потреби, да ја зголеми издржливоста и силата, полесно и побрзо да се регенерира и да ја намали можноста за болест или повреда.
  • Пред спортска активност мора да обезбедиме добра хидратација, па затоа еден час пред активност консумирајте 200-400 мл вода.
  • Хидратацијата за време на вежбањето е исто така важна, во зависност од интензитетот и времетраењето на вежбањето, а особено мора да се погрижиме после вежбање за да ги надоместиме изгубените количества вода и сол.

Со изотоничен пијалок обезбедуваме доволно течност и ги надополнуваме електролитите што ги губиме при напорно вежбање. Можете и сами да го подготвите.
За подготовка ни требаат:
➡️ вода (по можност зовриена и изладена),
➡️ морска или хималајска сол,
➡️ шеќер.
Во половина литар вода измешајте половина лажичка сол и лажичка шеќер, а за подобар вкус можете да додадете сок од лимон или грејпфрут.

  • Основните принципи на спортската исхрана ја нагласуваат важноста од доволен внес на јаглехидрати во текот на денот, бидејќи потребата од нив при интензивна спортска активност, поради зголемената потрошувачка на енергија, може да биде и до три пати поголема отколку кај неактивна единка.
  • Регенерацијата по интензивна спортска активност претставува обновување на резервите на гликоген и обновување на телесните ткива – мускулите, поради што е зголемена и потребата од протеини.
  • За успешно  учество во спорт е особено важно индивидуалното прилагодување на видот на храна и пијалок што рекреативецот ги консумира пред, за време и после спортска активност.