Предупредување од СЗО за Омикрон-сојот

Омикрон-сојот се шири со исклучително голема брзина, предупреди Светската здравствена организација.

Генералниот директор на организацијата, Тедрос Гебрејесус, нагласи дека иако болеста е со полесни симптоми, бројот на заразени може да ги попречи здравствените системи, особено во помалку развиените земји.

Во моментов, случаи на омикрон се официјално пријавени во 77 земји, но вирусот најверојатно циркулира во повеќе држави.

Во последните 11 недели има 100.000 смртни случаи – најмногу за тој временски период, во споредба со претходната година.