СAД денеска објавија дека ќе ги отворат своите граници за целосно вакцинираните патници од 8 ноември.
Одлуката означува крај на строгите рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирус, кои беа воведени за сите патници во март 2020 година, пренесува Би-Би-Си.
Сегашното правило забранува влез на неамерикански државјани од Обединетото Кралство, неколку европски земји, Кина, Индија, Јужна Африка и Бразил.