Скопје има и по пет пати повеќе заразени од корона споредено со другите градови

Бројот на новозаразени, според дневните статистики на Министерството за здравство се намалува, но висока е бројката на починати од вирусот. Најпогодени, според надлежните институции, се невакцинираните граѓани, поради што продолжуваат апелите за што помасовна имунизација.

Како што информираше веб страницата ourworldindata.org., според бројот на смртни случаи, минатата седмица во Европа прва е Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот. По Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.

Според податоците што ги објави вчера Министерството за здравство во претходното деноноќие од направени 4.015 тестирања се регистрирани 365 нови случаи на Кovid-19, 551 оздравен пациент, како и 23 починати лица, на возраст од 45 до 89 години.

Од активните 13.052 ковид случаи, најмногу, 5.833 се во Скопје. Над илјада активни случаи има во Тетово, а со висока бројка се и Куманово – 914, како и Охрид – 668, Струга – 638, Гостивар – 530, Струмица – 518.