„Фајзер“ тврди дека вакцината безбедна за децата

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денеска соопшти дека нејзината вакцина, по направените клинички испитувања е безбедна и високо ефикасна и кај најмладата популација, односно кај децата од 5 до 11 години.

Компанијата планира до крај на септември да аплицира до ФДА за дозвола за употреба на вакцината кај децата.

Инаку, властите во САД сметаат дека потребата за вакцина во САД е итна, бидејќи податоците покажуваат дека дури еден од пет нови случаи на инфекција е кај децата, а поради многу заразната варијанта делта повеќе деца се хоспитализирани во изминатите неколку недели.

„Фајзер“ ги објави резултатите во текст кој не содржи детални податоци од истражувањето, а наодите сè уште не се прегледани или објавени во научно списание.Сепак, новите резултати се идентични со оние што се забележани кај постарите деца и кај возрасните, велат експертите.