Компанијата „Фајзер“ тужи вработена, која овде работи со години, поради наводна кражба на голем број доверливи документи, вклучувајќи и за вакцината против коронавирусот.
Компанијата во тужбата наведува дека вработената Џун Ксијао Ли го прекршила договорот за доверливост со префрлање повеќе од 12.000 датотеки без дозвола на свои лични сметки и уреди од деловниот лаптоп.
Материјалите содржат внатрешни процени и препораки за вакцината на „Фајзер-Бионтек“.