Филипче кажа дали ќе има рестрикции, но и што се презема за големата смртност

Министерот Венко Филипче не најавува нови рестрикции за заштита од коронавирус. Но, тоа ќе се случи ако има притисок врз болниците. За зголемување на случаите каде деца се заболени од коронавирус, тој вели ќе се направи анализа.

„Сметам дека сите процеси треба да продолжат со превентивните мерки, а со механизми да се зголеми процентот на вакцинирани. Во земјите со нови бранови и висок процент на вакцинација, болниците не се оптеретени. Доколку има голем опфат со вакцинација, а новозаболени, ќе бидат со полесна клиничка слика. Во болниците има притисок од невакцинираните лица“, кажа Филипче.

За анализа на смртноста вели дека е рано, бидејќи сега се става акцент на хроничните болести.

„Смртноста секаде е голема. И во соседните земји. Мислам дека смртноста во овој регион е насекаде еднаква. Едноставно таква е состојбата, прилично слична. Можеби има разлика во начинот на пријавување на смртните случаи, но не и во морталитетот“, кажа тој.