Беа ли изборите ризик: Што е причината за зголемување на бројот на заразени од коронавирус

Министерот Венко Филипче вели дека ги слушаат стручните лица кога во прашање е коронавирусот. Според него, во делот на епидемиологијата, микробиологијата се слуша Комисијата за заразни болести. Филипче вели дека никој не ја спори нивната експертиза и негира дека политиката не ја слуша науката.

„Изборите не беа ризик, имаме зголемување на заболени кај деца, помладите категории. Тешко може да се идентификува која е причината за зголемување на заболените. Ги консултиураме и надворешните експерти, сум бил во контакт со нив. Од почеток на кризата до сега сите мерки и препораки доаѓаат од експертите во делот на медицината. Нема никаква политика во ниту еден временски период“, кажа Филипче.

Прашан дали размислува да поднесе оставка, а по случувањата во СДСМ, тој рече: „Не размислувам во таа насока“.

https://skopje1.mk/archives/147670

https://skopje1.mk/archives/147667