Шведска ја прекинува вакцинацијата со вакцината против коронавирус на „Модерна“ за лица помлади од 30 години, по извештаите за можни ретки несакани ефекти, како што е миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, соопшти јавната здравствена агенција.
Шведскиот институт за јавно здравје соопшти дека податоците укажуваат на поголема инциденца на миокардитис и перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) кај младите луѓе кои биле вакцинирани.
„Врската е особено јасна во случајот со вакцината на ‘Модерна’ – ‘Спикевакс’, особено по втората доза“, се вели во соопштението.
Сепак, се додава дека ризикот од миокардитис и перикардитис е многу мал. Агенцијата сега ја препорачува вакцината на „Фајзер“ за оваа возрасна група.