1.249 позитивни на корона вирус во Србија

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 13.574 лица за корона вирус, од кои 1.249 биле позитивни, додека, за жал, 27 лица починале.

На респиратори се 84 пациенти.

Да потсетиме, вчера од вкупно 9.265 тестирани, 976 биле позитивни, додека за жал починале 26 лица, а 99 пациенти биле на респиратор.

Наскоро започнува голема национална студија за следење на ефектите од имунизацијата против Ковид. Професорката на Медицинскиот факултет Љиљана Марковиќ Дениќ за РТС вели дека по случаен избор биле избрани 14 градови во Србија – меѓу 1.000 испитаници, а ќе се тестира и клеточниот имунитет.

Тој објаснува дека се започнува со земање крв како за едноставна анализа, за тестирање на нивото на антитела, кај 1.000 испитаници, а ќе се направи и тест на клеточниот имунитет.