(ВИДЕО) Крстев: Јас сум во самоизолација 8 дена се чувствувам многу добро, немам никакви симптомни, ни температура

Градоначалникот на Чешиново-Облешево Горанчо Крстев е првиот функционер во Македонија кој е позитивен на коронавирусот. Тој за Канал 5 вели дека се чувствува добро и дека е без симптоми. Иста е состојбата и со неговата сопруга. Двајцата се тестирале откако дознале дека берберот, кај кого бил Крстев на 23-ти март е позитивен на вирусот.

“ Јас сум во самоизолација 8 дена се чувствувам многу добро, немам никакви симптомни, ни температура, се чувствувам многу добро . Со тоа што откако имав контакт од 23ти до сега 17-18 дена откако сум имал контакт со заболениот бербер,вели Горанчо Крстев – Градоначалник на о. Чешиново Облешево, во изјава за Канал 5.

Како направив јас тест, така и мојата сорпуга. И во Систина и во Филип Втори истиот тест и за мојата сопруга се покажа негативен, а во Филип Втори позитивен. За десет дена треба да се тестираме јас денеска имав закажано тест во Центарот за јавно здравјесо тоа што директорката на Инфективно во Штип го одби тестот не знам зошто , со објаснување дека многу брзо сум правел во Филип Втори и дека нема потреба по насоките треба три тестови да се направат, првиот негативен, вториот позитивен, сакав да направам и во центар за јавно здравје со тоа што сабајле полицијата ме извести да не одам во штип во центарот за јавно здравје. “

извор: Канал 5