Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.
По градови: Скопје – 11, Прилеп – 4, Куманово – 2, Тетово – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: – Скопје (134) – Дебар (43) – Куманово (17) – Штип (8) – Прилеп (6) – Охрид (3) – Велес (3) – Кавадарци (2) – Тетово (2) – Гостивар (1).
фото: Архива