Британскиот премиер Борис Џонсон заболе од „Коронавирус“

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон е позитивен на тестирањето на Коронавирус – јави предмалку SkyNews од Лондон.

Премиерот на твитер напиша : „Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми и тестирав. Резултатите се позитивни на коронавирус. Сега сум самоизолиран, но ќе продолжам да ја водам Владата преку видео-конференција бидејќи се бориме против овој вирус.

“Заедно ќе го победиме ова. #StayHomeSaveLives.” – напиша Џонсон на Твитер.