25-годишниот пациент од Демир Капија кој вчера ја изгуби битката со коронавирусот имал и други коморбидитети. Од Министерството за здравство за „Скопје1“ велат дека пациентот имал тешко хронично заболување. Оттаму, додаваат и дека тој не бил вакциниран против вирусот. Тие не соопштија дали епидемиолошката анкета покажала каде се заразил и дали има кластер на луѓе од веселба или сличен настан.
Инаку, вчера починаа вкупно 30 лица. 10 се од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).
Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.