17.099 граѓани вчера примиле вакцина

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 652.340 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а се вакцинирале вкупно 17.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.152.274 дози вакцини, а ревакцинирани се 499.934 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, велат од таму, 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 54% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат здравствените власти.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, апелираат од министерството.