Индија ја одобри првата ДНК вакцина во светот против коронавирус

Индискиот регулатор за лекови ја одобри првата ДНК вакцина во светот против коронавирус за итна употреба.

Вакцината ZyCoV-D, која се дава во три дози, спречува симптоматска болест кај 66 проценти од вакцинираните, се наведува во студијата објавена од производителот на вакцини, Cadila Healthcare.

Компанијата планира да произведува до 120 милиони дози од вакцината годишно, пренесува Би -Би -Си.

Претходните ДНК вакцини делуваа добро животните, но не и на луѓето.

Во Индија, досега се дадени повеќе од 570 милиони дози од три претходно одобрени вакцини против коронавирус – Ковишилд, Коваксин и Спутник В. Околу 13 проценти од возрасните граѓани се целосно вакцинирани, а 47 проценти примиле барем една доза од вакцината.