Извештај на ИЈЗ од 17 до 23 август, 2020: Намалување на бројот на новопотврдени и процентот на позитивни од тестирани – најголем дел од регистрираните се од Скопје
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7.0%, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=281; 33,5%). Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица, во 16 града во земјата.
Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.5 %, што претставува намалување од 0,3% во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува тренд на намалување, во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4%, 8.6% и 7.8%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, и во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4%) позитивни. Голем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=151; 18,0%), 40-49 (n=142; 16,9%) и 20-29 (n=140; 16,7%) . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=20; 2,4%) и 10-19 години (n=49; 5,8%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=807; 96,2%), регистрирани се 119 (14,7%) хоспитализирани, а кај 239 (29,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број нови случаи, 307 (38,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување во последни 14 дена.
Во споменатиот период, по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 554 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 513 помалку во однос на претходната недела.
Пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.
Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија – 17-23.08.2020, како и кумулативна состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk.