Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител изјави дека превентивните мерки се димензионирани за максимално да го штитат здравјето на децата.
Тој потенцираше дека носењето на маска во училиште не претставува никаков ризик за децата.
„Нема никаков ризик, ниту по респираторниот систем. Тоа е единствениот начин во којшто децата може да спречат трансмисија на вирусот. Нема никаква контраиндикација за носење маски кај таа категорија деца на таа возраст. Не може да очекуваме никакви компликации, никакво пореметување во нивниот развој. Значи станува збор за сосем безбедна препорака. Родителите не треба да стравуваат“, истакна министерот Филипче.
Во Дневникот на Сител, Филипче информираше дека на почетокот не месец октомври важно е да има што помал број деца во затворена просторија. Доколку остане стабилна епидемиолошката состојба, ќе се дозволи уште неколку одделенија да бидат со физичко присуство.