Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Регистрирани се 38 оздравени пациент од:Скопје – 17, Велес и Радовиш – по 4, Охрид – 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.
Направени се 3.109 тестови преку: ИЈЗ-458, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–24, ЦЈЗ Куманово–47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–85, МАНУ-40, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-339, Биотек-526, Систина-175, лабораторија Лаор-287, Синлаб-121, Ремедика-51, Плодност–45, Генеа–41, Никоб лаб-140, ВФВ Медикал-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 308.
Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.