Доктор Злате Мехмедовиќ во разговор за телевизија Сител предупредува дека кај заразените од делта сојот дури за четири пати е зголемена потребата од интензивно лекување и кислородна поддршка и затоа апелира граѓаните да не мислат дека асимптоматски ќе ја поминат заразата и навреме да побараат лекарска помош.
Дополнителен проблем за црната ковид статистика во земјава според Мехмендовиќ се и невакцинираните.
-И тие се проблем, иако и ова што сега се прави е задоцнето, требаше многу порано уште на почетокот на летото кога алармиравме дека ќе имаме ваква состојба. Сега и тие денес што се вакцинираат и тие утре ќе им треба време да стекнат имунитет, вели Мехмедовиќ.