Ким Јонг Ун ги одби кинеските вакцини, и нареди заострување на мерките

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им нареди на службениците да спроведат поостра кампања за спречување на епидемијата, откако отфрлија некои странски вакцини против Ковид-19 понудени во рамките на програмата Ковакс, поддржана од Обединетите нации.

За време на вчерашниот состанок, Ким рече дека официјалните лица „мора да имаат предвид дека заострувањето на мерките за спречување на епидемијата е задача од најголема важност во која не смееме да попуштиме ниту за момент“, објави денеска официјалната корејска централна новинска агенција.

Ким, исто така, ја истакна потребата од материјални и технички средства за спречување на вирусот и зголемување на квалификациите на здравствените работници.

Севернокорејскиот лидер претходно ги повика граѓаните на Северна Кореја да се подготват за продолжување на ограничувањата во врска со Ковид-19, што укажува дека националните граници ќе останат затворени и покрај влошените економски услови.

Од почетокот на пандемијата, Северна Кореја применува строг карантин и затворање на границите за да спречи појава на епидемија.

УНИЦЕФ, која набавува и доставува вакцини во име на програмата Ковакс, во вторникот рече дека Северна Кореја предложила три милиони вакцини „Соновак“ кои беа наменети за Пјонгјанг, да се испратат во други земји кои се сериозно погодени од „Ковид“.