Фармацевтската компанија „Мерк“ вчера објави дека новите податоци од студијата за нејзината експериментална пилула против ковида 19 укажуваат на пониска ефикасност и 30 отсто намалување на ризикот од хоспитализација и смрт.
Според податоците објавени во октомври, пилулата го намалила ризикот од хоспитализација и смрт кај 775 пациенти за 50 отсто. Новата студија опфати повеќе од 1.440 пациенти.