Уште 131 случај на омикрон се идентификувани денеска низ Обединетото Кралство, па сега 568 лица во таа земја официјално се заразени со овој сој на коронавирус.
Денеска е втор ден по ред во кој се откриени повеќе од 100 нови случаи на омикрон, во споредба со вторникот кога 101 лице се разболеле од новиот сој, објави „Скај њуз“.
Претходните неколку дена е забележан пораст од околу 30 проценти на дневна основа.
Последните податоци на британската агенција за здравствена безбедност покажуваат дека 115 лица од Англија се разболеле, девет од Шкотска, четворица од Велс, додека првите три случаи на новиот вид се регистрирани во Северна Ирска.