Состојбата со коронавирусот период 30.05- 05.06.2022

Состојба со COVID-19 во Северна Македонија и светот период 30.05- 05.06.2022

Тестирани се вкупно 7.211 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0% во однос на минатата недела (n=6.869).
Регистрирани сe 453 нови позитивни случаи од 23 градови во државата, со намалување од 9,9% во однос на минатата недела (n=503). Процентот на позитивност се движи од 3,4% до 7,1%, просечно 6,0%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=311; 68,7%) а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 82,6/100.000 (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, период 30.05-05.06.2022, Р.С Македонија

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=164; 36,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=8; 1,8%).
Во однос на претходната недела, се регистрира намалување скоро кај сите возрасни групи (со најзабележително намалување од 54,1% кај возрасната група 10-19), а зголемување се регистрира кај возрасните групи од 20-29 години (25,8%) и 40-49 години (16,7%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 455 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 0,9% повеќе во споредба со минатата недела (n=451).

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 86 реинфекции, со зголемување од 26,5% во однос на претходната недела (n=68).

Пријавен е еден смртен случај од Скопје во текот на изминатата недела (30.05-05.06.2022), во споредба со 2 починати лица во текот на претходната недела. Во однос на возраста, случајот е од возрасната група над 60 години..

Во однос на состојбата во светот, по земји, најновите податоци од СЗО се на следниот линк – https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/situation-reports/

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 05.06.2022, пријавени се вкупно 312.292 случаи на COVID-19 (I=17.002,8/100.000).
Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци (27.053,6/100.000) и Скопје (24.243,2/100.000). Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 05.06.2022

Регистрирано е намалување на инциденцата во последните две недели во 22 градови, со најголемо намалување во Кратово, Радовиш, Македонска Каменица и Делчево. Зголемување се забележува во 7 градови, назабележително во Виница и Велес, додека состојбата останува непроменета во 7 градови. R0 се движи од 0,64 во Штип до 2,07 во Кавадарци. (Табела 1).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 150.542 (48,2%) машки и 161.750 (51,8%) женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 16.523,3/100.000, а кај женските 17.474,7/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 75.865 (24,3%), додека највисок специфичен морбидитет од 23.973,4/100.000 се регистрира кај возрасната група од 30-39 години (n=60.049). Најнизок специфичен морбидитет од 3.760,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9, каде се пријавени 7.740 лица (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=312.292)

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=2.344) е регистриран на 24.01.2022.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=11.887) е регистриран во текот на четвртата недела во 2022. По континуираниот пад на регистрирани случаи од 5-та до 10-та недела од 2022 година, до 22-вата недела се регистрира плато. (Графикон 2).

Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во Р. С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 05.06.2022 (n=312.292)

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 18 лица (50,0% повеќе во споредба со претходна недела), од нив 5 се на кислородна поддршка (два случаи повеќе во споредба со претходна недела), а нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Пријавени се 1.496 случаи кај бремени жени (1,6% од пријавените во фертилен период) и 10.107 (3,4%) случаи кај здравствени работници.
Во однос на импортирани случаи, регистрирани се 9.646 случаи (3,2% од заболените за кои има податок) кои патувале во период од 14 дена пред појавување на симптоми. Регистрирани се
71.298 потврдени случаи (23,8% од заболените за кои има податок) кои имале контакт со позитивен случај најмногу 3 дена пред почетокот на симптоми/ позитивен резултат.

Заклучно со 05.06.2022, регистрирани се вкупно 13.245 (4,2%) реинфекции.

Регистрирани се 9.309 смртни случаи (Лт=3,0%). Во однос на недела на пријавување најголем број се регистрирани се во тек на 14-тата недела во 2021 (n=301) (Графикон 3). Најголем дел се на возраст над 60 години (n=7.753; 83,3%) со највисок специфичен морталитет – 1.761,5/100.000 жители. Регистрирани се 5.518 (59,3%) смртни случаи кај лица од машки и 3.791 (40,7%) кај лица од женски пол. Кај 7.329 (83,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларни (n=6.095), дијабет (n=2.474) и белодробни (n=1.122).
Од реинфекциите, 24 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 9 смртни случаи кај бремени жени и 37 смртни случаи кај здравствени работници. Од смртните случаи, 772 (8,3%) починале во вонболнички, а 8.537 (91,7%) во хоспитални услови.

Графикон 3. Смртни случаи, COVID-19, РСМ по недела на смрт, до 05.06.2022 (n=9.309)

Од 15.02.2020-05.06.2022 тестирани се вкупно 2.060.554 материјали, во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите/ здравствените установи во кои се спроведува брз антигенски тест. Со ова, во Р. С. Македонија се направени 995.835 тестови на 1.000.000 жители.
Од вкупниот број на тестирани материјали, 1.386.232 или 67,3% се со молекуларно (PCR) тестирање, додека останатите 674.322 или 32,7% се со брз антигенски тест.

Според исходот од заболувањето, 475 лица (0,2%) се активни случаи, а 302.508 случаи (96,9%) се водат како оздравени, кои биле или хоспитализирани или на домашно лекување (Табела 2). Од случаите кои се водат како оздравени, а ИЈЗ располага со податок (n=72.646), 8.103 или 11,2% биле хоспитализирани.

Табела 2. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=312.292)

Дистрибуција по град
Болест во тек
Оздравен
Смртен исход
Вкупно
Скопје 369 143358 3133 146860
Куманово 6 16052 618 16676
Битола 51 15114 481 15646
Прилеп 10 13613 587 14210
Тетово 4 12876 597 13477
Кавадарци 5 10416 262 10683
Велес 6 9468 318 9792
Гостивар 5 9180 423 9608
Охрид 19 8522 373 8914
Струмица 1 7695 377 8073
Штип 24 7811 234 8069
Кичево 7 5421 222 5650
Кочани 1 4877 213 5091
Струга 2 4433 293 4728
Гевгелија 2 4297 121 4420
Неготино 4 3600 87 3691
Ресен 4 2688 58 2750
Свети Николе 3 2554 77 2634
Радовиш 1 2431 99 2531
Крива Паланка 1 2289 126 2416
Делчево 1 1915 69 1985
Берово 4 1620 58 1682
Дебар 1 1595 81 1677
Валандово 1443 45 1488
Виница 1 1331 62 1394
Пробиштип 1217 50 1267
Богданци 997 24 1021
Кратово 929 36 965
Крушево 1 885 43 929
Демир Хисар 795 40 835
Македонски Брод 1 707 30 738
Демир Капија 574 19 593
Македонска Каменица 1 500 24 525
Пехчево 471 15 486
Дојран 339 8 347
ВКУПНО 475 302.508 9.309 312.292

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ
Репродукцискиот број на заразени од COVID-19 (R0) во Р. С. Македонија изнесува 0,97 заклучно со 05.06.2022, за споредба, R0 заклучно со 29.05.2022 изнесуваше 1,02.
Графикон 4. Дневна инциденца на 100.000 жители и R0, COVID-19, Р.С.M, до 05.06.2022

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата1 се проценува дека:
 Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 1, со соодветни капацитети за одговор.

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Се препорачува следење на основните мерки за превенција на КОВИД-19.

1 Извор: https://phsm.euro.who.int/countries/35

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19.

Заклучно со 05.06.2022, вакцинирани се вкупно 874.720 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 855.625 лица, а со трета доза се вакцинирани 159.535 лица (Табела 3).

Табела 3. Вакцинирани лица против COVID-19, РСМ, по тип на вакцина/ доза
вакцина/ доза Прва доза Втора доза Трета доза Вкупно аплицирани дози
Pfizer/Biontech 374887 365415 159532 899834
Sinovac 251.128 245.430 496.558
Sinopharm 153.521 152.812 306.333
AstraZeneca 71.471 68.802 140.273
Sputnik V 23.295 22.989 46.284
Moderna* 171 148 3 322
Janssen* 247 29 276
ВКУПНО 874.720 855.625 159.535 1.889.880
*вакцинирани само во странство

Со една доза на вакцина против COVID-19, во државата и странство, вакцинирани се 59,5% од населението над 18 годишна возраст, односно 55,1% од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,6%.
Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 58,2%, односно 53,9% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6%.
Најголем број на вакцинирани лица (со прва или втора доза) е регистриран во 33-та недела од 2021 година (n=102.116). Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 191, од тоа 28 е прва доза, 57 како втора доза и 106 аплицирани како трета доза.

Скопје, 06.06.2022

Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје