Хорор филмови – популарен жанр кој предизвикува страв и трепет

Selective focus of young scared girl covering mouth, watching horror movie in cinema. Side view of concentrated caucasian man and woman wearing white t shirts enjoying frightening film.

Интересно истражување за таканаречената „морбидна љубопитност“.

Сигурно барем еднаш во животот сте гледале хорор филм. Чувството на страв, адреналин и олеснување кога филмот ќе заврши – тоа се емоциите што го карактеризираат искуството. Стравот и вознемиреноста отсекогаш припаѓале на групата негативни емоции кои не предупредуваат на потенцијално опасни настани и појави. Природно е да сакаме да избегнуваме ситуации кои ни ги предизвикуваат овие емоции, а сепак хорор филмовите се многу популарни.

Степенот на уживање или непријатност при гледање хорор филмови варира од личност до личност, а овој жанр е предмет на истражување уште од неговото постоење. Професорот по психологија од Универзитетот во Делавер Марвин Цукерман се осврна на терминот „барање возбуда“ уште во 90-тите. Луѓето кои имаат високо ниво на потрага по возбуда повеќе ќе уживаат во хорор филмовите. Емоциите како страв и анксиозност се предизвик за нив.

Морбидна љубопитност?

„Кога поминуваме покрај сообраќајна несреќа или гледаме ужасна фотографија, нашите умови се принудени да обрнат внимание и да собираат информации. Ова е суштината на морбидната љубопитност“, вели д-р Колтан Скривнер, научник за однесување (бихејвиоризам ),и автор на неколку дела на хорори.

Имено, неодамнешното истражување ја тестира теоријата дека препуштањето на таканаречената морбидна љубопитност може да ни помогне да изградиме психолошка отпорност и да ги надминеме фобиите. Досега одговорот е да.

Скривнер нагласува дека љубителите на хорор го користат „домашниот метод“ на терапија со експозиција и имаат повеќе искуство со чувствата на страв и вознемиреност. Заедно со колегите, д-р Скривнер ја тестирал оваа теорија за време на пандемијата. Во студија објавена во 2021 година, тие напишаа дека љубителите на хорор покажале „поголема подготвеност и психолошки отпор“ на пандемијата. Имено, тие откриле дека изложувањето на застрашувачки фикции може да им помогне на луѓето да практикуваат ефективни стратегии за справување кои можат да бидат корисни во ситуации во реалниот свет.

Вродена тенденција

Дека склоноста кон страшни игри е вродена, Скривнер потврдува со тезата дека тоа се гледа од детските игри, како што е играта криенка и ја нарекува „еден вид инокулација против анксиозноста во адолесценцијата“.

д-р. sc. Марги Кер, авторка на книгата „Scream: Chilling Adventures in the Science of Fear“ спроведе истражување во кое луѓето шетаат низ опседната куќа атракција. Кер заклучи дека нивното расположение се подобрило и дека се чувствуваат посигурни.

Изненадувачки параметри

„Преживувањето“ на опседната куќа или хорор филм ви помага да станете повеќе во склад со вашето тело, велат истражувачите. За оние кои сакаат да добијат увид во нивната личност, д-р Скривнер создаде квиз за мерење на љубопитноста. Тврдењата опфаќаат четири домени: умовите на опасните луѓе, паранормалното, телесното мачење и насилството. Следствено, тоа бара да се оцени нивото на согласност со следните изјави:

  1. Ме интересира каков е умот на насилниците.
  2. Мислам дека натприродното е интересна тема.
  3. Ако е можна трансплантација на глава, би сакал да ја гледам процедурата.
  4. Да живеев во антички Рим, би бил заинтересиран да присуствувам на борбите на гладијаторите.

Според д-р Скривнер, цврстото „да“ на сите изјави претставува натпросечна љубопитност. Важно е да се напомене дека оваа силна согласност „не значи дека има нешто патолошко или нездраво во љубопитноста“.

„Има луѓе кои имаат многу високи оценки за емпатија и сочувство, кои исто така сакаат порно филмови со тортура и хорор филмови“, објаснува Скривнер.

Доброволното доживување застрашувачко искуство може да поттикне чувство на компетентност, саморефлексија и раст што може да ја подобри когнитивната флексибилност, смета Кер. Овие, во најмала рака, интересни тврдења и резултати од студии отвораат простор за понатамошни студии. Во сè, дури и кога гледате хорор филмови, умереноста е клучот.

Извор:

Zuckerman, M. (1994). Behavioral expressions and biosocial bases of sensation seeking. Cambridge university press. pp. 124

MedScape. Danger, Death, and Disgust: Why We Just Can’t Look Away: https://www.medscape.com/viewarticle/982987?src=wnl_recnlnew3_ous_221027_MSCPEDIT_&uac=457341DT&impID=4798633#vp_1