Која храна може да ги замени јајцата

Една од замените за јајца е тиквата.

Тиквата ги поврзува состојките и му дава доволно влажност на секое јадење.

Може д а се користи една третина шолја во вид на готвено пире од тиква, за да ги замени јајцата во вашето мени.

Компирот е крал на зеленчукот и одлична замена за јајцата.

Во секое јадење јајцата можете да ги заменете со пире од компири. Четвртина шолја пире од компир е еднаква на едно јајце.

Кога подготвувате колачи, јајцата можете да ги замените со маслиново масло.

Како супер и здрава замена за јајца може да биде и бананата.

Експерти препорачуваат да користите една четвртина шолја изгмечена банана, која заменува едно јајце.