Докторот Арбен Аголи кој е педијатар од Дебар на социјалните мрежи објави дека персоналот во неговата амбуланта има позитивен резултат на извршено тестирање закоронавирус. Тој пишува дека ќе се затвори амбулантата во следните две недели.
„Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин 2 недели“, пиша Аголи на социјалните мрежи.
Докторот има ординација која е под концесија во зградата каде што се наоѓа и дебарската болница, во која пак, се лекуваат пацинети заразени од коронавирусот.
Информацијата засега не е потврдена од Министерството за здравство, од каде пак, најавија дека ќе испратат соопштение за резултатите од последните тестирања.
Докторот Аголи и неговиот персонал, преку социјалните мрежи во изминатиот период постојано упатува апели да се седи дома со цел превенција од вирусот. „Ние сме на работа, вие седете дома“, пишува на транспарентот пред докторите. Тој упатуваше и апели до дебарчани да не се фрлаат ракавиците и маските на земја.
„Почитувани мои пријатели немојте да ги фрлате маските и ракавиците насекаде, фрлајте ги во кошевите за ѓубре така придонесувате да не се прошири заразата,благодарам“, објавуваше Аголи.
https://www.facebook.com/arben.agolli.77/posts/3347071501986925
фото: Архива