Дополнително ќе се ограничи движењето на лицата над 65 години и на младите до 18 години, истакна министерот за здравство, Венко Филипче. За оваа мерка че одлучува Владата на седница која ќе се одржи попладнево.
„Утрово на состаноците со Комисијата за заразни болести и со централниот кризен штаб разговаравме за дополнително зајакнување на мерките за движење за граѓани во ризична група, односно оние над 65-годишна возраст, како најризична група според објавени публикации од земјите во светот и за младите до 18 години кои се преносители на болеста. Денес во 17 часот на седница ќе ги дискутираме овие мерки и ќе известиме за одлуката“, рече министерот за здравство, Филипче.
Доколку се донесе одлука, за посочените категории граѓани полицискиот час ќе трае подолго, а за сите останати на сила останува мерката за забрането движење во периодот од 21 часот до 6 часот следниот ден.
фото:Архива