Свештеник на Римокатоличката црква во Италија кој го препуштил својот респиратор на друг, помлад пациент, кого не го ни знаел, починал од ефектите на коронавирусот. Дон Џузепе Берардели (72 г.), кој беше заразен со опасниот вирус Covid-19, се откажа од користење на респираторниот апарат што му го купила неговата парохиска заедница, за да му го отстапи на друг заразен помлад човек.
„Длабоко сум трогнат од тоа што тој се одрече од помошта, за да ја додели на некој што е помлад од него. Тој беше свештеник што секого го слушаше, знаеше како да ислуша, секој што ќе му се обратеше, знаеше дека може да смета на неговата помош“, истакна здравствениот работник од старечкиот дом што се наоѓа во ова место.
Инаку досега во Италија од коронавирусот животот го изгубија најмалку 30 свештеници, од кои 16 во Бергамо.
фото: Архива