Министерот за здравство Венко Филипче рече дека сегашните мерки кои се донесени се доволни, но дека во секојдневна комуникација со Комисијата за заразни болести, ќе се шират ако има потреба.
На новинарско прашање за тоа ако пикот се очекува на крајот на април,кога треба да очекуваме расплет и стабилизација во државава, ако во светски рамки Вухан веќе најави завршување на епидемијата, Филипче истакна:
- Сега е тешко да се предвиди дали во Кина некои градови или региони може да очекуваат и втор пик, има проценки дека заразата во Вухан може и да расте. Бројот на пациентите кои здравствениот систем може да го изржи ги чекаме студиите во однос на анализата на антитела дали може да се создаде колективен имунитет до појавување на вакцината во светски рамки за да можеме да изведеме заклучоци и прогнози за замирањето на вирусот корона и кај нас.
фото: Архива