На емисијата „360 степени“ за прв пат во Македонија преку видео се огласи излекуван пациент од корона вирусот. Станува збор за жена, која после 2 негативни тестови, е пуштена на домашно лекување.
Пациентката излечена од коронавирусот сега е во домашни услови. Таа ја напуштила Клиниката за инфективни болести во Скопје по 17 дена лекување, за „360 степени“ сведочи за тоа како се заразила, какви мерки на заштита презела кон своето семејство, како се самоизолирала по враќањето во земјава, како ги развила симптомите, за лекувањето на клиниката.
Сведоштвото погледнете го од видеото на „360 степени“
извор: 360 степени