Корона вирусот земасе поголем замав. Прв градоначалник во земјава кој е позитивен на корона вирусот е Горанчо Крстев, градоначалникот на општина Чешиново-Облешево.
На својот профил, лекарката Јасмина Ајтовска денеска напиша:
-Почитувани сограѓани на општина Чешиново-Облешево…секој од Вас кој последните 10 дена бил во контакт со Градоначалникот или со некој од вработените на општината…да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника…Заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда кои се без симптоми! Со почит, д-р Јасминка Ајтовска.
„Точно е дека на 23.март бев кај сега починатиот бербер, но до 1.април никој не знаеше дека тој е заболен од коронавирус. Кај него не само јас, туку биле многу други муштерии и во следните денови. Уште дента кога дознавме, закажавме тестирање во ‘Аџибадем Систина’ каде што јас и мојата сопруга бевме негативни. На 6.март направивме уште едно тестирање во ‘Жан Митрев’ и на тој тест излеговме позитивни“ – вели градоначалникот Крстев за Инфомакс.
фото: Архива