На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус. Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на КОВИД-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус. Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од КОВИД-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт. Утре ќе се земат и втор дел од анкетите. Тие најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот.
Седумгодишното дете кое починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус, на вработениот лаборант од клиниката кој е заболен од КОВИД-19 земена му е епидемиолошка анкета.
фото: Архива