Поп-пејачката и претседателка на Здружението за борба против ракот на дојка „Борка“ Биба Додева на својот инстаграм профил објави дека е позитивна на Ковид-19.
„Време е за Ковид-19. Дај Боже да помине поскоро“, напиша Биба покрај фотографиите со нејзиниот внук.
Додева, во јавноста е присутна со Здружението „Борка“ која ја организира розовата трка и прошетка за подигање на свеста за ракот на дојка, а чии подржувачи се првата дама Ѓоргиевска и претставнички од дипломатскиот кор во земјата.