СДСМ 1 и СДСМ 2
Воопшто не е во ред да се шири толкава омраза на ФБ, од страна на поддржувачите на господин Заев (СДСМ 1) и на господин Мицкоски (СДСМ 2)!
Мора да постои и опозиција!!!
Дозволете да постојат и дејствуваат граѓани, кои не сакаме да бидеме дел од СДСМ формацијата! Ние воопшто не оспоруваме на никого да си има сопствено политичко убедување! Но не прифаќаме на нас да ни се оспорува правото на наше убедување, напиша на својот ФБ профил лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески.
Богојески во продолжение на својата објава на Фб пишува:
Доколку верувате дека Мицкоски ќе го врати името и старото знаме на Македонија, слободно да си гласате за него!
Доколку верувате дека Заев ќе донесе правда во земјава, слободно да си гласате за него!
Но дозволете ние кои знаеме дека нема да се случи ниту едното, ниту другото, да направиме граѓанска политичка понуда, која е различна од веќе виденото во последниве 30 години!
Во ова време, невреме, им даваме полна поддршка на сите лекари и медицински персонал, вклучително и на МЗ Филипче, без разлика на нивната политичка определба! Сите тие работат заедно, за доброто на секој од нас!
Но во исто време, дозволете да искажеме различен предлог од оној на Заев или на Мицкоски, за справување со економската криза! Не е штета ако ние имаме подобри решенија, истите да ги предложиме! Не е болка за умирање, на СДСМ 1 и 2, па до тој степен да се шири омраза и нетрпеливост!
Време е за толеранција, солидарност и конструктивни предлози / критика, начин како сите заедно да го надминеме овој предизвик, напиша Богојески на ФБ.
https://www.facebook.com/1949361315345812/photos/a.1950984378516839/2594543487494255/?type=3&theater