Во Владата се разгледува можноста за воведување на полициски час, што ќе значи ограничување на движењето на граѓаните во вечерните часови, информираше техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на „Канал 5“ и порача дека лично смета дека се потребни најостри мерки.
„Јас како министер на сите седници на Владата секогаш сум се залагал за најостри мерки, затоа што само со строги мерки може да се спречи ширењето на пандемијата и сметам дека треба да се ограничи движењето на граѓаните во вечерните часови, за да се спречат оние вечерни собирања. Исто може да се огрании движењето и на посебни категории на граѓани како постари лица на пример. Во Владата се прават дискусии во оваа насока и можно е да се пристапи кон вакви мерки денеска или во наредните денови“,рече Чулев.
фото: Архива