Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на прес конференција соопшти дека по прогласувањето на вонредната состојба полицијата извршила проверка на околу две илјади луѓе кои се во самоизолација и кај околу 500 кои под здравствен надзор.Полицијата пак надгледува околу илјада луѓе кои под наредба на министерството за здравство се во изолација.
„Одделот за специјални операции презема активности во кризното подрачје, но ги ангажиравме и на ниво на целата држава. Тие го регулираат спроводот кон и од кризното подрачје, а тоа се Дебар и Жупа. Во изминативе два дена реализираа извлекување на 64 лица со 24 возила од селата Тресонче, Лазарополе, Осој, Манастирец. Овие села се во периметарот на кризното подрачје, но лицата беа изолирани и контролирани од епидемиолог кој даде дозвола да се излечат. Во моментов се излекува трудница од кризното подрачје која чека преглед од епидемиолог,“ изјави Чулев.
Министерот во продолжение додаде:
-По однос на постапуањето на сите осум Сектора за внатрешни работи сакам да ве известам дека заклучно со денешниот датум полициските службеници при СВР Скопје вршат обезбедување врз 230 лица со Решенија за самоизолација од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на илјада лица кои што се со наредби за самоизолација, додека пак досега извршени се контроли во 530 угостителски објекти а во текот на денов дополнително ќе бидат прверени уште 140 угостителски објекти. Во СВР Велес под надзор се две лица со решение на ДСЗИ, 99 лица по наредби за самоизолација, а контролирани се 77 угостителски објекти; во СВР Тетово се обезбедуваат 17 лица по основ на решенија на ДСЗИ и 185 лица со наредби за самоизолација; во СВР Штип такви мерки се превземени врз 10 лица со решенија од ДСЗИ и 246 лица со наредба за самоизолација а извршена е проверка и на 147 угостителски објекти; при СВР Струмица се обезбедуваат 11 лица со наредба за самоизолација, проверени се и 172 угостителски објекти; во СВР Битола под надзор на полициските служби се 32лица со решенија од ДСЗИ и 140 лица со наредба за самоизолација; во СВР Куманово – шест лица со решенија од ДСЗИ, 221 лице со наредба за самоизолација, а направена е проверка во 83 угостителски објекти; и во СВР Охрид се обезбедуваат 82 лица со решенија од ДСЗИ и 205 лица со наредби за самоизолација, додека пак контрола е извршена во 162 угостителски објекта.
Покрај ова досега се поднесени вкупно 24 кривични пријави против 29 лица, помал дел од нив по основ на членот 205 од КЗ на РСМ – “пренесување на заразна болест“ а повеќето по основ на член 206 – “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, како и три известувања до надлежно ОЈО а се однесуваат на член 206 од КЗ, истакна минситерот Чулев.
-Особено сакам да истакнам дека СВР Скопје постапувајќи по оперативни сознанија за наводното организирање на забави во приградските населби од страна на млади лица кои изнајмувале викендици и куќи, превзеде оперативни мерки за превентивно покривање и патролорање со цел спречување групирање и задржување на поголема група граѓани при што извршени се контроли на локациите на подрачјето на Горно Нерези, селото Сопиште, локалитетот Сончев град, селата Горно и Долно Соње, викенд населбата Марков манастир, месност Три Круши, во Ченто и во Радишани. При извршените контроли не се затекнати поголема група на граѓани, но полицијата ќе биде на терен и будно ќе ги следи состојбите.
По однос на активностите на Одделот за специјални полициски операции полициските службеници во изминатите неколку денови реализираше низа активности. Меѓу другото реализирано е извлекување на 66 кои што со 24 возила беа транспортирани од селата Тресонче, Лазарополе, Осој и Манастирец, дотолку повеќе што овие села и покрај тоа што територијално припаѓаат на општина Дебар, физички се одвоени и немаат контакт со градот. Пред излекувањето извршен е поединечен преглед од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје во Гостивар. Вчера, исто така, беа пропуштени 11 товарни возила со храна, четири возила со лекови, 15 возила од компаниите кои работат на подрачјето на Дебар и едно возило со средства за дезинфекција Дополнително организиран е спровод на едно медицинско возило со две лица се пренесени до Клиничкиот центар во Скопје. Завчера пак на 17.03. беа пропуштени 25 возила со 34 меѓу нив и медицински лица лица коишто вршеле достава на храна и лекови. Во моментов медицински лица работат на излекување на една трудница, односно асистираат во обезбедување на медицинската документација со цел успешно завршување на извлекувањето. Исто така Одделот за специјални полициски операции во текот на вчерашната вечер даваше асистенција на Секторот за внатрешни работи, Скопје на подрачјата за кои имаше информации дека се врши недозволено групирање и собирање на граѓани и, како што претходно нагласив и во наредниот период ќе преземаат активности и во други градови каде ќе се добијат информации дека се евидентирани вакви или слични појави.
Во врска со состојбата со влез и излез од земјава во текот на минатите 24 часа евидентиран е вкупен влез на 2824 граѓани од кои 2017 македонски државјани, а 807 странски државјани. Додека пак излез оствариле вкупно 2278 лица од кои 951 македонски граѓани а 1327 странски државјани. Примарно станува збор за професионални возачи на товарни моторни возила.
Во тој контекст за возачите на тешки товарни возила кои се странски државјани, истите после истоварот на стоката имаат обврска, согласно протоколите веднаш да ја напуштат државата, а доколку станува збор за транзит, обврската е во рок од пет часа да ја напуштат територијата на нашата држава.
По однос на заклучоците од Владата, а по кои тековно постапува Министерството за внатрешни работи Министерството за внатрешни работи во текот на денов ќе започне да дава изјави (на македонски и на албански јазик) за секое лице кое ќе ја напушти државата и кое ќе се обрвзе дека во наредните три месеци нема да се врати државата, а исклочок од оваа мерка ќе бидат возачите на товарните моторни возила кои секојдневно преминуваат граничен премин во државата и граѓаните кои ги напуштаат граничните премини поради здравствени причини. Сите професионални возачи на товарни возила кои претходно добиле наредби за самоизолација, потребно е да обезбедат соодветни дозволи од Државниот санитарен инспекторат со која потврда ќе докажат дека имаат право за непречен и повеќекратен влез и излез од границите, а со цел тековно извршување на работните задачи.
Потоа, Министерството во соработка со Царинска управа и со АД Пошта превзема мерки за постапува согласно протоколите за превоз и транспорт со цел да се овозможи непречено спроведување на размена на пошта и меѓународен поштенски сообраќај. Министерството за внатрешни работи презема мерки и во Одделението за внатрешни работи Шуто оризари и ги интензивира теренските контроли на територијата на општината а во функција на спречување на групни собири. Покрај ова МВР во соработка со МНР организира хуманитарни конвои кои поминуваат низ државата. Инаку во текот на денеов ќе се одржи работна средба помеѓу раководството на МВР и на МО на кое ќе се формира заеднички оперативниот штаб и ќе се дефинираат модделите за заедничко делување и асистирање меѓу полицијата и армијата во извршување на задачите и обврските кои ќе произлезат од одлуките на Владата на РСМ, истакна Министерот Чулев.
фото: МВР