Професорот Хендрик Штрек: Меѓу симптомите на заболување од корона вирусот се и губење на чувството за мирис и вкус

Раководител на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника во Бон, професорот Хендрик Штрек, открил нови симптоми на заразата со Ковид-19. Тој претпоставува дека тие се случуваат во напредната фаза од болеста. Објаснува дека дел од пациентите во Германија кои биле заразени со новиот коронавирус имале неколкудневно губење на чувството за мирис и вкус.

„Претпоставуваме дека тоа се случува во напредната фаза од болеста“, вели Штрек во интервју за весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Инаку новиот вирус е помалку опасен од Сарс.  Карактеристика на Сарс беше репликацијата длабоко во белите дробови, што го прави помалку заразен, но далеку поопасен.
Штрек објаснува дека во Италија биле тестирани само случаите со тешки симптоми – околу 9 отсто. Притоа, биле тестирани и веќе починати. Таму, според него, бројот на заразени е далеку повисок од прикажаните бројки.

И во Кина смртните случаи на почетокот брзо растеа во однос на бројот на заразените, бидејќи биле тестирани мртви. Притоа, повикувајќи се на студијата и од кинескиот Шенжен, Штрек заклучува дека децата се заразуваат од вирусот исто толку колку и возрасните, но тие развиваат само лесни, или дури и никакви симптоми.

фото: Архива