Директорката на кумановската болница позитивна на коронавирус

Снежана Захариева, директорката на кумановската болница, позитивна на тест на коронавирус.

Таа ова го објави на својот профил на „Фејсбук“. Во својата објава напоменува дека  тестирањето го направила вчера во МАНУ, а  утрово го добила резултатот кој е позитивен.

Како за добро утро,позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2.Без маска само дома,5 месеци работа-дома,но имунитетот попушти.Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето.Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера на пладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат.

 

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10213679275695987&id=1827564213