Филипче: Кога одите во маркетите, одржувајте два метра растојание

Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе, порача министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот профил на „Фејсбук“.

„На овој начин го спречувате ширањето на коронавирусот и спасувате животи. Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа. Доколку имате симптоми, не доближувајте се до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус“, апелира министерот.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2344799439160409/?type=3&theater